12:24 - 2 април, 2026

Мадона најавува биографски филм: „Имав извонреден живот, морам да снимам извонреден филм за него“, а „сама ќе го режирам“

Пејачката Мадона изјави за Варајети дека е подготвена за снима музички биографски филм за себе што ќе го режира самата. Еве ги нејзините зборови.

Пред неколку години беше најавено развивање на проект за музички биографски филм за животот на Мадона, иконата на поп музиката која сака самата да го режира долгометражниот филм кој ќе ја раскаже нејзината животна приказна.

Во филмот ќе глуми Џулија Гарнер. Самата Мадона неодамна изјави одлуката да го режира биографскиот филм произлегува од фактот дека никој подобро од неа не може да раскаже за нејзиниот живот од самата таа и дека има намера да сними одличен филм.

– Имав извонреден живот и морам да снимам извонреден филм. Можам да кажам дека тоа е нешто што го правам на превентивен начин, со оглед на тоа што има многу луѓе кои би сакале да снимат филм за мене. А меѓу нив има и некои мажи кои се женомрзци. Но, никој не може да ја раскаже мојата приказна освен јас, вели поп ѕвездата.

Во една претходна изјава таа објаснува за идејата на филмот.

– Фокусот на филмот ќе биде музиката. Музиката ми овозможи да одам напред, а уметноста ме одржа во живот. Има толку многу нераскажани приказни и нема подобар од мене кој може да го направи тоа. Мислам дека е од суштинско значење да го раскажам мојот живот преку мојот глас и мојата визија.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....