01:52 - 1 април, 2025

Луси Мидлтон – братучетката „предавник“ на Кејт Мидлтон работела на мемоарите на Хари: Специјализирала за клевета, а со принцезата од Велс се од мали нозе

Постои неочекувана врска помеѓу хит-книгата „Резерва“ на принцот Хари и семејството на Кејт Мидлтон. Всушност, по објавувањето на мемоарите, се покажа дека братучетката на принцезата од Велс, Луси, работи како адвокатка за Penguin Random House, издавачката куќа која ја објави книгата бомба на војводата од Сасекс.

Нејзината висока позиција ѝ даде можност да ја погледне убаво книгата на Хари пред објавувањето и да ги процени сите правни последици за Penguin, имајќи предвид дека, како што може да се види од нејзиниот профил на Линкедин, таа е специјализирана за клевета, приватност и доверливост.

Луси Мидлтон, братучетка на Кејт Мидлтон

Човек се прашува, во овој момент, дали на некој начин сепак Бакингемската палата имала некакво влијание во конторлата на „јачината на звукот“ на мемоарите, бидејќи Луси Мидлтон не е далечна роднина на Кејт, туку е многу блиска со принцезата. Ќерка на Ричард, постариот брат на Мајкл Мидлтон, таа е прва братучетка на идната кралица, со која отсекогаш била многу блиска. Двете се дружеле уште од мали нозе, израснале заедно, а исто така поминале период заедно во Фиренца, во 2000 година. Луси е исто така меѓу кумите на крштевањето на принцот Луис.

Работа си е работа, очигледно, но не е сигурно дали Кејт била претходно добро информирана за содржината во книгата. Она што е сигурно е дека не е прв пат Луси Мидлтон да заврши во центарот на вниманието. Во 2021 година, Лара Пастернак, внука на писателот Борис Пастернак (исто така позната по омаловажувачкиот напис за Кејт Мидлтон објавен во Татлер во 2020 година) ја тужеше Лара Прескот, авторка на „Тајните што ги чувавме“, објавена од „Пингвин“, обвинувајќи ја за плагијат на нејзината книга „Нераскажаната љубовна приказна што го инспирираше доктор Живаго“. По тој повод светот го откри постоењето на Луси Мидлтон, која го доби случајот. Овој пат (барем засега) нема спорови на хоризонтот, но таа сигурно не изгледа како тип што дава попусти. Дури ни на роднините.

 

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо
Се вчитува....