2.8 C
Скопје
17:13 - 22 декември, 2024

Љубовната приказна на Селин Дион: Рене почина како што сакаше, на моите раце

Приказната за бракот на познатата пејачка Селин Дион и денес е со поделени ставови кај публиката – едни тврдат дека станува збор за судбинска љубов, додека други му замеруваат на Рене и тврдат дека ја заробил Селин уште од мали нозе.

Фактот дека Селин Дион и Рене Ањели поминаа децении во хармоничен брак не успеа да го избрише впечатокот од почетокот на нивната врска која започна така што менаџерот ја заведе малолетната девојка.

Имено, мајката на Селин му испратила снимка со една нејзина песна на Рене кој тогаш имал 38 години и веќе изградено име во светот на музиката. Селин тогаш имала само 12 години.

Откако ја преслушал снимката, Рене заклучил дека Селин е исклучително талентирана и решил да ја запознае, па ја поканил на аудиција во Квебек.

-Јас почнав да пејам, а тој почна да плаче. Тогаш бев сигурна дека ќе успеам – се сеќава подоцна Селин Дион. Таа секогаш инсистирала помеѓу нив двајца да нема ништо додека е малолетна, но штом наполнила 19 години тие официјално станале пар. Селин подоцна откри дека почнале да излегуваат кога имала 18 години.
Разликата од 26 години ја шокираше јавноста, па врската беше во тајност цели седум години, се додека не се венчаа.

Јавноста беше згрозена од тој брак. Селин тогаш имаше 26 години, точно онолку колку што беше постар од неа нејзиниот сопруг. Но нивната среќа не беше целосна поради отсуството на деца. Селин не можеше да забремени, а бидејќи израснала во големо семејство, не можеше да замисли живот без деца.

-Луѓето можат да мислат и да зборуваат што сакаат. Ние се сакаме и секогаш ќе се сакаме – изјавуваше пејачката.

Брачниот живот го поминувале, вели таа, идилично сѐ до деведесеттите, кога Рене ја започна битката со ракот на грло. Пред хемотерапијата тој замрзнал негова семена течност за да бидат сигурни дека ќе можат да имаат деца.

Селин тогаш направи пауза од две години за да се фокусира на неговото лекување. Кога се опорави тие ги обновија брачните завети, а следеше и нејзината прва бременост. Таа продолжи со кариерата и сѐ беше во ред сѐ до 2009 година, кога Рене повторно имаше здравствени проблеми, овој пат со срцето. Поради преголема загриженост пејачката доживеа спонтан абортус, но една година подоцна, кога Рене се опорави, добија близнаци.

Во 2014 година Рене повторно заболе од рак на грло. Селин повторно паузираше, но тој ја убеди да се врати на нејзините редовни настапи во Лас Вегас. Рене почина во 2016 година, на 74-годишна возраст, а Селин ја извести јавноста дека починал така како што сака – на нејзините раце.

-Мажот на мојот живот умираше од ден на ден. Ние бевме едно. Кога престанаа неговите страдања, си реков, сега му е подобро. Тој заслужи да престане да пати – изјави таа за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....