23:45 - 9 јануари, 2026

Љубоморна Гркинка ја нападнала згодната Ивана Кнол во кафуле – „Жени што ви е?“

Како можеш да бидеш толку злобна и љубоморна? Како не можеш да разбереш дека некаде секогаш постои жена која е поубава, помлада, попривлечна, попаметна, помоќна, поуспешна од другата? Колку побрзо го прифатиш тоа, толку посреќна и побогата верзија од себе ќе бидеш, толку покомплетна ќе бидеш. Ова на социјалните мрежи го порача згодната хрватска навивачка Ивана Кнол, откако раскажа дека во Грција била нападната од жена во кафуле затоа што нејзиниот парнер зјапал во убавата Ивана.

Еве што друго порача убавата Хрватка:

„Мислев дека не ми треба обезбедување во оваа безбедна земја, но вчера вечерта бев нападната од непозната жена на околу 40-годишна возраст додека пиеше со пријателите. Причината што ме нападна е што нејзиниот партнер ме гледаше кога влегов. Три часа ме чекаше сама во кафулето додека не завршив и ме нападна. За среќа моите двајца пријатели ја фатија ѝ ја држеа подалеку од мене. Беше толку луда што велеше дека ќе ме убие. Добро е што полицијата дојде по еден час и ја приведоа. Не ви го пишувам ова само за да ви ја раскажам приказната, туку сакам да ве прашам сите жени, што ви е?“, прашува Ивана и додава:

„Немој да се вреднуваш врз основа на критериумите на мажите, бидејќи тие се таму само за да ти дадат сила или главоболка, зависи од твојот избор. Не се таму за да те ценат“, рече Кнол.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....