20:08 - 9 јануари, 2026

Лозано и ДНК со заеднички концерт во Гевгелија на 8 јули

ДНК и ЛОЗАНО – звучи како одлична комбинација за зеаднички концерт. Епа, токму тоа и ќе се случи на 8-ми јули во Гевгелија, поточно во дискотеката „Де Факто“.

После подолго време, гевгеличани и луѓето од околните градови ќе имаат прилика во живо да ги слушнат и видат едни од најбараните музички имиња во нашата земја во последните неколку години.

Со други зборови Гевгелија ќе „гори“ на 8-ми јули од многубројните хитови на Лозано и ДНК. Тие ветуваат одлична забава и ноќ за паметење.

„Драги наши, по подолго време и на наше огромно задоволство на 8-ми јули (сабота) во вашиот омилен клуб „Де Факто” ќе одржиме заеднички концерт (Лозано и ДНК) пред гевгелиската публика која ќе има можност да ги слушнете сите наши познати рефрени низ три часовен концерт.

Влезниците ке бидат во строго ограничен број, а првите 300 “early birds” влезници ке бидат пуштени во претпродажба по цена од 300 денари и ќе може да се набават исклучиво на билетарата на клубот од четврток до сабота. Потоа цената ке изнесува 400 денари и доколку останат на врата ке бидат остане истата цена.

Затоа подгответе се на 8-ми јули на “Полна месечина” ве чекаме да се гушнеме “Јако Јако” и да се направиме “Авиони”,  да испишеме уште неколку “Километри” па “Што сака нека биде”…“ – стои во нивната зеадничка објава.

Концертот ќе го отвори младиот диџеј – Милан Петков, кој е миленик на публиката во Гевгелија.

Инаку после Гевгелија, ќе следи најмалку уште еден ваков задинчки концерт, а локацијата ќе биде објавена наскоро…

Се гледаме на 8-ми јули во „Де Факто“ – Гевгелија.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....