11.8 C
Скопје
14:20 - 30 март, 2026

ЛГБТ-пропагандата се забранува – Путин потпиша нов закон за интернетот, медиумите, книгите…

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон што се однесува на интернетот, медиумите, книгите, аудиовизуелните сервиси, кинематографијата и рекламирањето.

Во согласност со основниот закон, се зголемува бројот на забранетите информации што може да им се пласираат на децата, како што се пропаганда и демонстрации на нетрадиционални сексуални односи и (или) што укажуваат на предност на тие односи, како и информации што може да предизвикаат кај децата желба да го променат својот пол.

Воведена е нова поделба на термините за да се разјаснат значењата на „демонстрација“ и „пропаганда“.

Се воведува задолжителна претплата и дополнителни технички средства за заштита на пристапот до телевизиските и радиосодржините што е забранет за деца, како и утврдување на возраста за рекламните материјали со таа содржина.

Освен тоа, се шират барањата за рекламите, кои не смеат да содржат информации што демонстрираат нетрадиционални сексуални односи или укажуваат на предност на таквите односи.

Со Законот за забрана на рекламирањето на нетрадиционалните сексуални односи, меѓу другото, се забранува и пропаганда на педофилијата меѓу Русите, како кај возрасните, така и кај малолетните граѓани.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....