10:40 - 13 ноември, 2026

Шакира бара бебиситерка: Колку пари нуди и кој е условот за вработување

Откако се најде сама во грижата околу децата, Шакира од неодамна е и во потрага по бебиситерка, Платата е солидна, но условот што го постави Шакира е еден од поделикатните.

Според она што го објави весникот Ел Паис, договорот меѓу двајцата поранешни придружници предвидува децата да живеат во Мајами со својата мајка, но да можат да го поминат Божиќ во Барселона со својот татко. Договорот вклучува и точка дека двајцата родители треба да им дозволат на децата да го видат другиот родител кога ќе посакаат. Така, Шакира веќе ги спакува куферите и бара бебиситерка не за Шпанија, туку за САД: Вилата во која ќе живее колумбиската пејачка е купена години порано, во времето кога таа се вери со адвокатот Антонио де ла Руа, син на поранешниот претседател на Аргентина.

Куќата има 847 квадратни метри, шест спални соби, седум бањи, како и спа, теретана…, а единствено што ѝ недостига на Шакира е бебиситерка.

Пејачката во огласот бара сериозна и доверлива личност која ќе се грижи за Милан и Саша во нејзино отсуство. Таа нуди месечна плата од 2.400 долари, плус трошоци за апартман, храна и за трансфер од апартманот до нејзината вила. Единствениот суштински услов за вработување е – дискрецијата. Идната дадилка мора да биде дискретна личност која нема да пренесе ниту збор од тоа што се случува во домот на Шакира на новинарите.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....