Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ со години важат за еден од најбогатите парови на регионалната естрада, а нивниот луксузен животен стил често го привлекува вниманието на јавноста. Покрај недвижностите и јахтата, семејството поседува и импресивен возен парк.
Брена неодамна откри дека во нивната гаража автомобилите имаат различна намена – некои се за секојдневни обврски, а други се користат за посебни прилики.
„Ние имаме автомобили кои се работни и кои се парадни. Имаме автомобил кој е за на пазар“, раскажала пејачката.
Иако може да избира меѓу бројни луксузни автомобили, Брена има една прилично поинаква желба – да поседува мал автомобил со кој лесно ќе може да се движи низ градот и да најде паркинг.
„Јас би сакала да можам да купам еден Смарт, за да можам да го паркирам каде што сакам. Тој автомобил го барам веќе толку години, но Боба не ми дозволува да возам мали автомобили. Вели дека не се безбедни“, открила Брена.
Според претходните пишувања на медиумите, во возниот парк на семејството има модели од престижни марки, меѓу кои „Јагуар“, два „Мерцедес“ џипови, „Форд“ и „Ренџ Ровер“. И нивните синови имаат скапи автомобили.
Покрај автомобилите, Брена и Боба поседуваат и повеќе луксузни недвижности. Тие живеат во раскошна вила на Бежаниска Коса во Белград, а имаат имот и во Мајами.
Брена во една прилика открила дека токму Мајами ѝ е омиленото место за престој, но поради бројните професионални обврски поголемиот дел од времето го поминува на патувања.
„Најмногу сум во автомобил, хотел и авион“, се пошегувала пејачката, додавајќи дека за неа дом е она место каде што се нејзините деца.
И покрај луксузот кој го опкружува, Брена вели дека најважно ѝ е да има слобода да патува, работи и ужива, а во тоа голема поддршка ѝ е сопругот Боба.
