12:41 - 10 ноември, 2026

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Музичарот Мартин Вучиќ, кој во последните години ретко се појавува во јавноста и речиси воопшто не го експонира приватниот живот, сподели нова приватна приказна.

Вучиќ на својот инстаграм-профил објави фотографија на која одмора покрај море, а кусо напиша „Vitamin SEA“.

Некогаш редовно присутен на домашната музичка сцена, денес тој е значително повлечен од естрадата и јавните настапи.

Мартин потекнува од познато музичко семејство. Тој е син на починатиот музичар, композитор и телевизиски водител Драган Вучиќ и на Весна Вучиќ, ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасовски. Неговиот дедо од страната на татко му, Милорад Вучиќ, бил познат хармоникаш и еден од првите инструменталисти на „Танец“.

Неговиот татко Драган Вучиќ беше едно од препознатливите лица на македонската музичка и телевизиска сцена. Автор е на голем број песни, а јавноста го памети и како водител на популарни телевизиски емисии. Драган Вучиќ почина во мај 2020 година, на 65-годишна возраст од Ковид-19. Семејната музичка традиција ја продолжи Мартин, кој се занимава со музика уште од детството.

Иако пошироката публика го запозна и како пејач, Мартин е академски музичар и перкусионист. Сега е дел од оркестарот на Филхармонија, а во 2018 година беше назначен за директор на

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“. На оваа функција остана шест години.

Во јули 2024 година, по негово лично барање, Вучиќ беше разрешен од директорската функција и се врати на своето матично работно место во Филхармонија. Во периодот додека го предводеше „Танец“, ансамблот го одбележа и големиот јубилеј, 70 години од основањето, а беа реализирани бројни концерти и проекти во земјава и во странство.

Мартин уште како дете бил близок со македонската народна музика. Неговата мајка Весна во интервју раскажа дека израснал со дедо му Пеце Атанасовски, кој му го направил и првото тапанче.

Како дете настапувал со него на Фестивалот на народни инструменти и песни во Долнени.
Во последните години Вучиќ ретко споделува детали од приватниот живот, па неговата нова фотографија од летниот одмор е едно од ретките негови појавувања пред јавноста.

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....