15.8 C
Скопје
11:03 - 21 октомври, 2026

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Дора Проеска, сестрата на легендарниот Тоше Проески, по долго време сподели заедничка фотографија со своите синови Никола и Кристијан Ристески.

Тројцата се на одмор покрај море, а семејниот момент Дора го објави на своите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Дора ретко се експонира во јавноста и по трагичната смрт на нејзиниот брат во 2007 година, семејството Проески главно ја чува приватноста. Познато е дека Тоше беше многу приврзан за својата сестра и за нејзините два сина, Кристијан и Никола, кои беа покрај него.

Особено блиска беше врската на Тоше со постариот внук Кристијан, кај кого уште како дете го препознал музичкиот талент. Кристијан имаше само девет години кога со својот вујко ја снимил песната „My Little One“, која подоцна се најде на постхумно објавениот англиски албум „The Hardest Thing“.

Љубовта кон музиката Кристијан ја продолжи и кога порасна. Студираше интерпретација на популарна музика и музичка продукција, свири гитара и тапани, а соработуваше и со британскиот продуцент Енди Рајт, кој работеше со Тоше. Во 2018 година ја објави авторската песна „We Are Blood“, посветена на својот вујко, и ја изведе на концертот во чест на Тоше во Скопје.

Кристијан во едно од ретките интервјуа кажа дека не му годат споредбите со Тоше, нагласувајќи дека никој не може да го замени неговиот вујко и дека тој едноставно ја сака музиката.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговото семејство низ годините ретко се појавува во јавноста.

Семејството Проески во мај 2024 година доживеа уште една голема загуба. На 2 мај, по тешко боледување, во Крушево почина Никола Проески, таткото на Дора и Тоше. Последните месеци од животот се лекувал во приватна болница во Скопје. Тажната вест тогаш ја објави Дора, која сподели фотографија од татко ѝ и Тоше и кратко напиша: „Светол патот, татко мој“.

Никола беше погребан следниот ден, на 3 мај 2024 година, на гробиштата на Гумење во Крушево, десно од гробот на неговиот син Тоше. По трагичната смрт на Тоше во 2007 година, Никола и сопругата Доминика живееја повлечено и речиси воопшто не се појавуваа во јавноста. Не присуствуваа ниту на големиот концерт во чест на Тоше во Скопје во 2018 година, на кој настапи нивниот внук Кристијан.

Слични објави

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо
Се вчитува....