16:12 - 25 ноември, 2026

Лепа Брена го брка рекордот на Пријовиќ: „Среќа не е да се биде на насловните страници, туку…“

По три распродадени концерти во Загреб, Лепа Брена го закажа четвртиот концерт во најголемата арена во Хрватска.
Имено, таа се огласи на социјалните мрежи и ги извести присутните дека ќе се дружи со нив уште еден ден.

– Третиот е распродаден, па време е да го најавиме четвртиот концерт годинава. Лепа Брена, Арена Загреб на 10 декември 2024 година – напиша Брена на Инстаграм.

По оваа објава, социјалните мрежи зовреа од коментари, а сите се прашуваат дали Брена ќе го надмине рекордот на Алексадра Пријовиќ, која на крајот на минатата година одржа пет концерти во Загреб.

Да потсетиме, Лепа Брена на крајот на минатата година отворено зборуваше за своите планови, а допре и до семејството и пријателите.

– Во 2024 година сакам душевен мир. Немам посебни желби, особено материјални. Она што најмногу го сакам е душевениот мир. Сфатив дека среќата не е да се биде на насловна страница и да имаш милиони лајкови и купени следбеници. Среќата е нешто што го чувствувам затоа што ме лекува однатре и ми дава сила и енергија да ги издржам добрите и лошите страни на мојот живот – рече Брена и додаде дека ги учи младите дека успехот се постигнува само со напорна работа.

 

 

Слични објави

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.
Се вчитува....