10.8 C
Скопје
13:29 - 29 март, 2026

Лејди Гага објави фотографија на која маскирана во маж ја бакнува Бритни: Отсекогаш те сакам!

Лејди Гага на социјалните мрежи ѝ оддаде почит на колешката Бритни Спирс, по повод вчерашното завршување на старателството што 13 години го контролираше нејзиниот живот.

Еден ден откако судијката Бренда Пени пресуди во корист на Бритни да ја врати контролата врз нејзините финансии, личниот живот и медицинските одлуки, Лејди Гага објави фотографија со Спирс на нејзиниот инстаграм-профил.

Instagram

На фотографијата од доделувањето на МТВ-наградите во 2011 година, Гага, маскирана во маж, ја бакнува Бритни во образ.

– Ја сакав Бритни Спирс целата нејзина кариера. Се угледував на неа, се восхитував на нејзината сила – таа охрабри толку многу луѓе и сè уште го прави тоа. Денес не можам да бидам посреќна поради тебе. Никогаш не го заслужи тоа што ти се случи, фала му на Бога за денес. Ти си суперѕвезда и супер човечко суштество. Те сакам – гласи емотивниот опис на фотографијата на Лејди Гага.

Слични објави

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо
Се вчитува....