1.8 C
Скопје
09:21 - 25 декември, 2024

Легендарниот фустан на Мерилин Монро што го носеше Кардашијан е оштетен, иако Ким го носела само 3 минути на настанот, а потоа облекла реплика, еве ја вистинската приказна

Добрите познавачи на легендарниот фустан на Мерилин Монро кој Кардашијан го облече на Мет Гала само на неколку минути (а потоа се пресоблече во реплика), како и колекционерите, денес не можат да ѝ простат на Ким поради оваа модна операција, зашто тврсат – фустанот е оштетен!

Пристигнувајќи од трезорот на музејот во Орландо, легендарниот фустан на Мерилин Монро, Ким Кардашијан го носеше само неколку минути. Но, организацијата беше многу сложена. И не без неочекувани последици по фустанот. Еве ја приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kimkardashian

Никој не предизвика поголемо изненадување на годинешниот настан Мет Гала повеќе од Ким Кардашијан, па не е ни чудо што гласините за нејзината трансформација во Мерлин Монро веќе кружеа 48 часа пред почетокот на вечерата. Се разбира, резултатот сепак беше зачудувачки. Идејата за фустанот на Ким ѝ дошла, како што вели, во септември минатата година, додека размислувала што може да биде нај„американско“ нешто, што одговара на темата на настанот. И така ѝ паднал на ум легендарниот фустан на Мерилин, во кој легендарната русокоса убавица му пееше роденденска песна на Џ Ф Кенеди.

За претприемачката и реалити ТВ ѕвезда, подготовките започнале неколку дена пред Мет Гала. Особено се трудела за изгледот на косата, кога фустанот од Мерилин веќе бил тука.

„Работев 14 часа за да ја добијам вистинската нијанса“, откри таа.

Но, Ким не е тип кој сака да ги одложува тешките предизвици, туку токму спротивното. Секако стилски подвиг од оваа големина бара невидени нивоа на посветеност и планирање.

„Денес сите носат проѕирна облека, но тогаш не беше така“, забележува Кардашијан мислејќи на времето на Мерилин Монро кога се појави во фустанот. „На некој начин, тоа беше првиот „гол изглед“. Затоа беше толку шокантно“.

Се вели дека Монро му платила на креаторот и костимограф Жан-Луис тогаш значителна сума од 1.440 долари за тој фустан, кој првпат беше продаден на аукција на Кристи за над 1 милион долари во 1999 година. Последователно, во 2016 година, тој повторно беше ставен на аукција од страна на Julien’s Auctions, овој пат за стратосферска цифра од 4,8 милиони долари, рекорд сè уште непобедлив за фустан, купен од музејот на Рипли, верувале или не.

„Сакам да учествувам на аукции. Поседувам неколку сувенири од ЏФК и го познавам сопственикот на Џулиен. Токму тој ме стави во контакт со музејот. Така започна се“, вели Кардашијан.

Фустанот во музејот бил чуван во трезор, во мрак, на фиксна температура од 20 степени и влажност од 40-50%. Не го облекол никој друг освен Мерилин.  Пред Рипли да се согласи да ѝ го позајми на Кардашијан, од Кардашијан било побарано да проба реплика за да ја провери големината, а по диетата иницирана токму поради фустанот – репликата совршено ѝ прилегала. Набргу потоа, оригиналниот фустан летал со приватен авион од Орландо, Флорида, до домот на Кардашијан во Калабасас, Калифорнија. Но, поради некоја причина, вториот обид не поминал според планираното:

„Фустанот ми го доставија службениците од обезбедувањето и морав да носам ракавици за да го пробам“, објаснува Ким. „Отсекогаш мислев дека Мерилин има екстремни облини. Мислев дека на некои места можеби сум послаба од неа и обратно, но не очекував дека ќе биде премногу тесен. Сакав да плачам, бидејќи очигледно не можеше ништо друго да се направи.

Неколку месеци до настанот, имало само два можни избори: да изгуби тежина за да влезе во фустанот или да најде нешто друго да облече. Но, во мислите на Ким, имаше само една опција: „Или ова или ништо“, вели таа.

Во текот на следните неколку недели, Кардашијан следеше строга диета за да ја постигне целта: „Носев костим за сауна два пати на ден, трчав на лента за трчање, целосно ги исфрлив шеќерите и јаглехидратите од мојата исхрана и јадев само зеленчук и протеини“, објаснува. Еден месец подоцна, била на нова проба во канцеларијата на Рипли во Орландо. Овој пат фустанот ѝ бил точен.

„Заплакав од радост“, се сеќава таа..

Вистината е дека Ким Кардашијан ја носеше оригиналната облека само неколку минути. Со оглед на кревкоста и историската вредност на фустанот, таа не сакаше да ризикува. Навистина, процесот на облекување беше спроведен како еден вид воена операција. Вечерта на 4 мај, таа го напушти својот хотел облечена во дург ист таков фустан а  потоа се пресоблекла во специјално поставена соблекувална во близина на влезот на Мет Гала. Таму кустос на Рипли во бели ракавици бил присутен да помогне: „Имам огромна почит за фустанот и за тоа што значи за американската историја. Додека го носев, никогаш не седев, ниту јадев, а во однос на шминката, избегнував да го користам она што обично го нанесувам“, вели Ким. Во секој случај, штом успешно се искачи на скалите на Мет гала, Ким го соблече фустанот и облече реплика, исто така во сопственост на Рипли: „Се мораше да се одвива според прецизен тајминг и морав да вежбам да се качувам по скалите.“

Што се случи со фустанот на Мерлин Монро по Мет Галата?
Можеби ова парче поп-култура никогаш нема да биде како порано. Легендарниот фустан на Мерлин Монро што Ким Кардашијан го носеше на 2 мај на Мет Гала 2022 година моментално покажува оштетувања: малку искината ткаенина, додека некои кристали се разнишани. За да го документира фактот колекционерот Скот Фортнер,  лично отишол во калифорнискиот музеј „Верувале или не!“ каде што сега се чува фустанот. Иако фустанот на Мерилин, Ким го носеше само неколку минути, а потоа веднаш бил сменет со реплика, по судбоносниот црвен тепих, не биле спорведени сите мерки на претпазливост. А знаците се очигледни.

Тој фустан никогаш веќе нема да биде ист сега многумина, исто како Скот Фортнер, тагуваат по последиците од оваа операција на Кардашијан.

Слични објави

Страотни детали од новата тужба против Пи Диди: Вработен кај раперот ја миел крвта и урината од чаршафите, имал секс пред него за да ја докаже својата лојалност

Еспресо

Хороскоп за 25 декември: Близнаците ќе имаат проблеми на работа, а еве кого го чека љубовен ролеркостер

Еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо
Се вчитува....