8.8 C
Скопје
20:43 - 19 февруари, 2026

Купувате нов костим за капење? Внимавајте како го пробувате

Новото истражување кое доаѓа од Медицинскиот факултет во Њујорк тврди дека и покрај тоа што долниот дел на новите костими за капење се заштитени со хигиенска лента, таа сепак може да биде преносител на различни бактерии.

Професорот по микробиологија и патологија на Медицинскиот факултет во Њујорк, Филип Тиерно, го спроведе истражувањето за микрофлората и бактериите кои се наоѓаат на различни парчиња облека купена во продавниците, особено на долната облека и костимите за капење.

Иако добар дел од женските гаќички и костими за капење имаат од внaтрешната страна залепена заштитна лента која ја штити ткаенината од различни микроби, најчесто и таа е загадена со бактерии кои предизвикуваат различни болести.

Истражувањето тврди и дека бактериите кои се собираат на облеката воопшто немаат врска со квалитетот на материјалот и тоа дали станува збор за луксузна облека или евтина.

Оттука на жените им се советува кога ќе пробуваат гаќи или костим за капење тоа да го направат врз долната облека која веќе ја носат на себе.

Слични објави

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо
Се вчитува....