11:33 - 31 март, 2026

МИЛА КУНИС СОБИРА 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА УКРАИНЦИТЕ: Никогаш не сум била толку горда што сум Украинка!

Холивудскиот брачен пар, актерката со украинско потекло Мила Кунис и нејзиниот партнер, актерот Ештон Качер, започнаа кампања насловена GoFundMe за собирање средства за Украинците погодени од последиците од руската инвазија.

Во емотивното видео што го споделија на социјалните мрежи, тие ја изразија својата згрозеност од руската агресија, а Мила Кунис нагласи дека „никогаш не била погорда што е Украинка“.

Ештон Качер пак, додаде дека: „Никогаш не бил погорд што е оженет со Украинка“.

Славната двојка, која е решена да собере 30 милиони долари, во видеото меѓу другото вели:

„Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливите маки на оние кои мораа да заминат на сигурно. Ова собирање средства е наменето за бегалците“.

Глумицата Мила Кунис нагласи:

„Родена сум во Украина во 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 година и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Благодарна сум за се што направи оваа земја за мене и за моето семејство. Но, денес сум најгорда што сум Украинка!“, и додаде дека во светот нема место за ваков неправеден напад врз човештвото и дека мора да се поддржи народот на Украина.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....