01:51 - 2 април, 2026

КРИСТИНА АРНАУДОВА НА ТВ СО „ПРОЕКТ КУЌА“: Едвај ја чекаме!

Популарната музичарка и активистка ќе помага во изградба на куќи за семејства во социјален ризик, и овојпат тоа ќе се емитува на телевизија.

На 19 септември, недела, во 20ч, ќе почне со емитување хуманитарниот ТВ проект ,,Проект Куќа со Кристина“ на Телма телевизија.

Овој тв проект се работеше во текот на изминатата година. Се работи за уникатен формат, каде на семејства во социјален ризик, со деца, кои живеат во тешки услови, комплетно им се реновираат домовите и се создаваат услови за нормален живот. Разликата помеѓу овој и проект, и останатите познати на балканските простори, е што во ,,Проект Куќа“ нема спонзори кои редовно донираат во секој дом, и буџет кој е стабилен и наменет за изградба, туку од дом во дом се бараат нови донатори, нови мајстори, се активира општествената одговорност кај компаниите и физичките лица преку апели за донирање, и од емисија во емисија, се апелира до општеството за вклучување во проектот.

кристина арнаудова
ФОТО: Приватна архива

Пораката која овој проект сака да ја прати е дека, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ МНОГУ, САМО ТРЕБА ДА САКАМЕ.

Во првата сезона на ,,Проект Куќа со Кристина“, ќе има 16 епизоди, со премира секоја недела во 20ч, и репризи сабота во 17ч и една во текот на работната недела. Во неа ќе можете да го видите целиот процес на реконструкција на домовите, и се што попатно се случува во текот на работата.

Кристина Арнаудова Петровски е автор, продуцент и водител на овој проект, а е во Продукција на
,,Хепи Хаус продукција и конструкција“.

Целиот процес на работа и собирање донации беше во голема мера отежнат заради пандемијата, заради енормно покачување на цените на градежните материјали како и заради недостаток на
мајстори. Во моментов се уште се работи на собирање донации за домови, и градење, така да во
секој момент секоја компанија, физичко лице или организација е добредојдена да се вклучи.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....