13:03 - 25 февруари, 2026

КРИСИ ТАЈГЕН СО ПОТРЕСНА ИЗЈАВА: Каде и да патувам со себе ја носам урната на мојот покоен син

криси тајген

Поранешниот модел и врвна готвачка Криси Тајген откри нови детали за тоа како нејзиното семејство го одржува споменот на нејзиниот покоен син Џек.

Во ексклузивно интервју за „Scary Mommy“, 35-годишната сопруга на познатиот пејач Џон Леџенд откри дека нејзиното семејство патува со пепелта на нејзиниот покоен син Џек, а целото семејство, како што вели, сака да биде вклучено во тоа.

ГО ЗАГУБИ СВОЕТО БЕБЕ, ПА СЕ ПРЕДАДЕ НА АЛКОХОЛОТ: Криси Тајген прозборе за тешката година

„Без разлика дали одиме на одмор или нешто слично, Луна и Мајлс секогаш велат: „Не го заборавајте бебето Џек“. И тогаш морам да го спакувам“, раскажа Тајген.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

„И тогаш кога ќе стигнеме до локацијата, тие велат: „О Боже, мора да е жеден“. Ова може да звучи лудо за луѓето, но моите деца ставаат мала чаша вода до урната. И тие навистина сакаат да бидат дел од тоа“, откри Криси.

Тејген и нејзиниот сопруг Џон Леџенд кон крајот на септември 2020 година објавија дека го изгубиле бебето Џек кое било родено предвреме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Манекенката вели дека на децата веднаш им било кажано дека Џек починал, но им било тешко да разберат. Како што вели, тој сè уште е голем дел од нивните животи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Тајген минатиот месец му оддаде почит на својот син на својот инстаграм-профил каде сподели фотографија на која плаче во болнички кревет во прегратка на Џон.

„Пред една година ја искусив најголемата болка што некогаш можев да ја замислам за да ми покажеш дека можам да преживеам сè, дури и кога не сакам“, напиша таа во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

„Не морав да се грижам за тебе, но ти дојде и си отиде за да ме убедиш да се сакам и да се грижам за себеси затоа што нашите тела се скапоцени и животот е чудо. Ми рекоа дека ќе биде полесно, но, да, сè уште не е. Мама и тато те сакаат засекогаш“, напиша Криси.

Слични објави

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо
Се вчитува....