12.8 C
Скопје
20:42 - 6 октомври, 2026

КАКО ВАНГЕЛ МИРАЗОВ ИЗГРАДИ ЦРКВА: Му се сонило во Данска да направи црква во Конопиште и да им помага на оние кои не можат да имаат пород

Црквата ,, Св. Атанасиј ” во Конопиште претставува место за молитва, мир и спокој. Во колективната меморија на Конопиштани постои сеќавањето за палење свеќи на камен. Ктитори на новата црква се семејството Миразови, кои биле иселеници со место на живеење во Данска.

Вангел Миразов нема никакво потекло од Конопиште, ниту пак неговата сопруга. Но токму таа му била најголемиот поттик и подршка на Вангел за да го изгради овој христијански објект. Фото – приватна архива

– Во 1601 година, на истото место каде што е црквата имало црква и се викала Свети Атанас. Нема никакви податоци кога и од кој е срушена. Верниците од селото си доаѓале да палат свеќи на камен, иако црквата не постоела. Таму ги кажувале своите молитви, таму се исповедале. По рушењето на црквата, светецот отишол кај четворица, тројца го одбиле, јас сум четвртиот. Јас прифатив и ја подигнав црквата – вели Вангел.

За Вангел се велело: – Во село Конопиште, имало човек кој на сон му дошол Св. Атанас и му рекол да изгради црква и да им помага на болни деца и жени кои неможат да забременат. Денес спас во Црквата бараат жени кои не можат да имаат пород.

– Овде бараат спас сите, но најмногу доаѓаат жени кои немаат пород, не можат да забременат. Има многу голем успех, светецот помага. Досега даде многу дечиња низ целиот свет. Се склучија и многу бракови. Со молитва помош бараат оние кои имаат немирен сон, за дечиња кои мократ. Повеќе од 20 години тука сум за да им помогнам на сите кои дошле тука – раскажува Вангел.

Црквата е гробјанска и е сместена на возвишение на излез од селото, а околу неа се наоѓаат самите селски гробишта.

– Секоја година нешто правиме, патот беше тежок, но успеавме. Црквата е посетена од многу верници. Но не само православни, туку и од друга вероисповест. Кога почнав да работам се зареков дека нема да ги делам луѓето. Не ги терам да се крстат на икона и на крст, објаснува Вангел.

Вангел нема никакво потекло од ова село, ниту пак неговата сопруга. Но токму таа му била најголемиот поттик и подршка на Вангел за да го изгради овој христијански објект.

– Почнавме тешко, немаше пат, едвај ги качувавме материјалите, ги носевме на раце, но ми помогнаа многу жителите од тука. Не се откажав, почнавме и го направивме објектот, но ден денес градиме по нешто ново – се потсетува Вангел.

На 20 Јули 2008 година, ден недела, е извршено осветување на Црквата ,, Св. Атанасиј ” која претставува место за одмор на душата, за молитва и спокој.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С

Наташа Беквалац повторно е слободна? Наводно ја прекинала врската со поранешниот фудбалер

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.
Се вчитува....