7.8 C
Скопје
10:59 - 1 април, 2026

Криел дека е болен од својата сопруга за да не ја повреди, а се венчаа само 4 месеци пред да почине: Ова е приказната за Дуле од „Дуле и Коки“

За да не ја повреди, тој од својата сакана криел дека е болен додека можел, за лошата дијагноза таа дознала месеци пред пред да почине. Ова е приказната за Душан Љубисављевиќ- Дуле од дуото „Дуле и Коки“, кој почина на 23 септември во 2013 година од канцер, во болница во Скопје.

Дуле беше женет со Љупка Наскова- Љубисављевиќ која има ќерка од претходниот партнер. Тој ја чуваше и ја сакаше Илијана како своја ќерка, раскажа Љупка во една прилика.

Љубисављевиќ беше омилен кај сите колеги, за сите правеше добро и беше многу широк човек, велат музичарите за него. Потекнува од Штип исто како и неговиот колега Никола Јанков- Коки со кој почна да свири на почетокот од 1990-тите.

Дуле и Коки Фото/ Фејсбук

Откако победија на фестивалот Макфест во 1996 година, Дуле и Коки станаа многу популарни низ цена Македонија, па по „Виолина и гитара“ се редеа и други хитови. Коки најави настап на Макфест со две песни во чест на Дуле како и концерт следната година.

За да не ја повреди својата сакана, тој до последно од неа криел дека има рак, таа ја дознала дијагнозата во болница, кога била со него на предглед. Дуле се ожени со Љупка само четири месеци пред да почине, во мај во 2013 година.

Тој живееше боемски до крајот на животот. Неговиот внук во Штип, го носи неговото име и презиме.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....