15:22 - 27 ноември, 2026

(Фото) Краткиот шорц ѝ ги истакна долгите нозе: Ќерката на Здравко Чолиќ на ноќно излегување по бомбашкиот напад на нивниот дом

Помладата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, Лара Чолиќ, се повлече од социјалните мрежи по инцидентот во кој беше фрлена бомба врз семејната куќа во Дедиње. Немилиот настан се случи пред зори, додека Лара беше во куќата, што ја направи видливо потресена.

По краткиот медиумски молк и повлекување од јавноста, прво проговори постарата ќерка Уна, а сега и Лара. Таа објави фотографии каде што ги запали мрежите со своето жешко издание.

Таа објави фотографии од ноќно излегување каде што блескаше облечена од глава до пети во луксузна модна комбинација. Позираше заводливо, истакнувајќи ги своите долги нозе во скапи чизми Шанел и кратко шорц, што привлече големо внимание од нејзините следбеници.

Меѓу првите што реагираа на нејзините објави беше Хана Икодиновиќ, ќерката на Наташа Беквалац, со која Лара често се дружи и излегува. Двете се сметаат за блиски пријателки, а често споделуваат заеднички фотографии од излегувања со своите следбеници на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....