09:40 - 9 ноември, 2026

Кралицата Елизабета за првпат не дојде на Ројал Аскот, омилениот настан со коњи; на нејзино место – Чарлс и Камила

Кралицата Елизабета Втора не присуствуваше на нејзиниот омилен настан: отворањето на Royal Ascot 2022, петдневниот настан посветен на чистокрвните коњи и коњски трки, но и своевидна ревија на необични шапки. 

Елизабета Втора, голема љубителка на коњи никогаш не го пропуштила отворањето, денот кога кралското семејство пристигнува со кочија во 14 часот. Но, оваа година, уморна од јубилејот, од тежината на годините и од здравствените тегоби кои не ѝ даваат одмор, таа мораше да се ограничи на поздравна порака.

„Ги поздравувам сите на овој настан, кој се врати во полн капацитет за прв пат од 2019 година“, рече кралицата, која потоа и се заблагодари на коњаничката заедница: „Исклучително сум благодарна за континуираната љубезност што ми ја покажавте“ рече таа, заблагодарувајќи се и за засадените седумдесет дабови во паркот Виндзор.

Сепак, недостатокот на Елизабета се чувствуваше, особено меѓу гледачите кои се надеваа дека ќе ја видат кралицата барем од далечина. На настанот не биле присутни ни војводите од Кембриџ, кои биле ангажирани на друго место .

Кралицата и овојпат ја претставуваше нејзиниот син Чарлс, престолонаследникот, придружуван од неговата сопруга Камила од Корнвол. Ним, кои пристигнаа во кочија со неговиот внук, Питер Филипс, им се придружија и кралската принцеза Ана, со нејзината ќерка Зара и зетот Мајк Тиндал, принцот Едвард, со неговата сопруга Софи од Весекс и принцезата Беатрис од Јорк со нејзиниот сопруг Едоардо Мапели-Моци.

Настанот кој започна вчера ќе трае до 18 јуни.

Слични објави

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova
Се вчитува....