13:08 - 2 април, 2026

Кончита Вурст повторно на сцената на Евровизија: Еве ги останатите изненадувања за финалето

Откако заврши второто полуфинале на Евровизија, веќе познато е кој ќе настапи на сцената на спектакуларното финале.

Тоа се Шарлот Перели, Карола и Кончита Вурст, кои со својот настап ќе ѝ оддадат почит на легендарната група АББА.

Потсетуваме, Шарлот Перели победи на натпреварот за Шведска пред 25 години, а Карола го однесе натпреварот во Малме по нејзината победа за Шведска. Кончита Вурст пак, направи „бум“ пред десет години победувајќи за Австрија.

Инаку, оваа година се навршуваат 50 години откако АББА и ја донесе на Шведска првата евровизиска победа со хитот „Ватерло“.

„Сега сите се собираме да ѝ оддадеме почит на една од најпознатите евровизиски песни. Сите ја знаат оваа песна – низ целиот свет. За да ни помогнат во тоа, имаме тројца фантастични победници на Евровизија”, изјави ТВ продуцентот Пер Бланкенс.

На сцената на финалето ќе запее и минатогодишната победничка на Шведска, Лорин, а сигурно не очекуваат уште многу изненадувања.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....