14.8 C
Скопје
01:35 - 23 октомври, 2026

Колку е девалвиран трудот на земјоделците – хартиена ќеса чини повеќе од килограм грозје

Колку е девалвиран младиот земјоделец во Македонија ? Оваа тема ја илустрираат младите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател Сергеј Попов на социјалната мрежа Фејсбук објави дека една хартиена ќеса чини повеќе од килограм грозје откупна цена, а за еден камион грозје Владата дава само 2.000 денари.

Македонија е земјоделска земја и Владата мора да инвестира повеќе во младиот земјоделец, реагира Попов.

Со години наназад, велат земјоделците, „смедеревката“ се откупува за до 11 денари за килограм, додека винската сорта „вранец“до 13 денари.

По реакциите на земјоделците, Владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги донесе новите две дополнителни мерки за финансиска поддршка на лозарите и винариите.

Така грозјето од сортата смедеревката оваа година ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.

Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со државната поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец.

Слични објави

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо
Се вчитува....