17:35 - 13 февруари, 2026

Која е Лејк Бел, убавицата која Крис Рок ја одведе на одмор во Трогир: Мајка на две деца, „тазе“ разведена, мултиталентирана уметница и модел

Популарниот комичар Крис Рок е фотографиран во Трогир, Хрватска, во друштво на неговата нова девојка со која се гледа од неодамна, и со која е првпат на годишен одмор, 43-годишната глумица Лејк Бел. 

(Видео) По Бекам и комичарот Крис Рок на одмор во Хрватска, ужива во Трогир со новата девојка

Во Трогир тие се видени од видени како се држат за раце додека уживаат во романтична прошетка низ градот. Комичарот штом ги видел фоторепортерите се разделил од девојката со која се гушкал и се држел за рака.

Но која е новата љубов на Крис Рок?

Бел е дете на татко Евреин и мајка протестантка. Таа има и брат по име Лук Сигал и заедно пораснаа во, како што го нарече самата таа своевремено „комично дисфункционално“ семејство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lake Bell (@lakebell)


Покрај тоа што е актерка, Лејк Бел е и режисерка и модел. Нејзиното прво дело како режисерка и сценаристка беше американскиот филм – комедија снимен во 2013, а успехот го постигна дури во 2018 со комедијата „I Do … Until I Do It“ филм во кој таа исто така и глуми. Добитничка е на неколку награди за сценарио, а до сега се појавила и како модел во неколку фотосесии за познати списанија, меѓу кои и Ел. Глумицата „тежи“ околу 3 милиони долари.

Мултиталентираната уметница е и страсен сликар.

Пред две години Бел се разведе од сопругот Скот Кембел со кого беше седум години во брак.  „После 9 години заедно, 7 години во брак, 2 прекрасни деца… Скот и јас го завршивме нашиот брак, но ја продолжуваме љубовта кон нашето семејство“, објави таа по разводот.

Со комичарот Крис Рок е од неодамна во врска. Всушност, американските портали почнаа „срамежливо“ да известуваат за нивната романса на почетокот на јуни, откако два пати се фатени заедно во ресторан на вечера. Се претпоставува дека романсата им започнала кон крајот на април, годинава.

Сепак, дека станува збор за нешто посериозно од само романса, зборуваат и фотографиите од Трогир каде заедно го поминуваат одморот и според очевидците, изгледале многу вљубени.

Слични објави

(Фото) Кајли Џенер „пука“ од сексапил во новата кампања за долна облека

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Миле Китиќ во Доминиканската Република: 200 квадрати чист луксуз на самата плажа!

Еспресо

Стоја Новаковиќ се повлекува од сцената: Донела одлука да стави крај на настапите и ги изненади сите

Еспресо

„Татко ѝ и брат ѝ беа во затвор, немаа пари за…“: Ова е вистината за семејството на Јована Пајиќ

Еспресо

Трагедија во Сараево: Загина синот на пејачот Арман Моранкиќ во трамвајска несреќа

apostolova

(Фото) Катарина Живковиќ ужива во Дубаи со синот, за едно ноќевање плаќа 1.500 евра

Еспресо
Се вчитува....