8.8 C
Скопје
11:39 - 1 април, 2026

Кој беше Милан Радуловиќ Лаќа, синот на Марина Туцаковиќ кој тргна по нејзини стапки: Талентиран но скршен од смртта на братот и мајка си, со минато заробено во канџите на дрогата

Балканските медиуми известуваат дека почина и вториот син на покојната Марина Туцаковиќ, прославена текстописец која работеше за најголемите музички имиња.

Милан Радуловиќ Лаќа (36) беше помалиот син на Марина, и по нејзините стапки – текстописец и соработуваше со повеќето естрадни ѕвезди со кои работеше и неговата покојна мајка Марина Туцаковиќ.

Отворено зборуваше за животот на своето семејство, како и за проблемите низ кои минувал додека бил, како што самиот велеше, во канџите на дрогата.

-Целиот период беше доста долг. Почнав на 15 години, на 17 станав наркоман, па паузирав 4 години, но кога завршив на клиника за рехабилитација тоа беше крајот. Започна како љубопитност, а продолжив дури и кога сфатив дека тоа лошо влијае на мене. Тоа е болест. Кога ќе ја почувствувате првата криза за хероин, тоа е нешто… Тоа е најопасната дрога – рече своевремено Милан, а пренесува српски блиц.

Во животот на Лаќа се случи голема трагедија, кога во 2008 година на 24-годишна возраст почина неговиот (постар) брат Милош Радуловиќ.

Лаќа неодамна се сеќаваше на смртта на неговата мајка, Марина, со зборовите „мене ми умре мајка ми, а за другите умре Марина Туцаковиќ. Не знам каква празнина чувствува српската естрада по една година, но знам како се чувствувам кога гледам што се случува. Што се однесува до музиката, нема инвентивност, ништо не е поинаку во последниве две години.

Почина и вториот син на Марина Туцаковиќ: „Ненадејно, во Израел“

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....