1.8 C
Скопје
04:45 - 14 март, 2026

Кои се на листата ВИП гости: Том Круз ги поканил и Вилијам и Кејт на неговиот роденден, се чека потврда од принцот

Том Круз ќе дува 60 свеќи на 3 јули. Важна пресвртница која ѕвездата, како што откри инсајдер за The Sun, има намера да ја прослави со две големи забави: една во САД, една во Велика Британија. И во двата случаи, списокот на гости ќе го претставува најдоброто што двете земји можат да го понудат во однос на славните.

Што се однесува до забавата во Англија, која ќе се одржи во Сохо Фармхаус, во селата на Котсволдс Хилс, „сигурно ќе има луѓе од калибарот на Дејвид Бекам, Џејмс Корден, Сајмон Пег“. Но, тоа не е доволно за Том. Ѕвездата се надева дека ќе добие потврда од многу специјален гостин: принцот Вилијам.

„Двајцата веќе некое време се во добри односи, па Вилијам би можел да ја прифати поканата. Неговото присуство на забавата, сепак, ќе зависи од тоа дали има слободен термин меѓу кралските обврски тој ден“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)

Дека принцот и ѕвездата се во добри односи се виде минатиот мај, кога Вилијам и Кејт Мидлтон присуствуваа на лондонската премиера на Топ Ган: Маверик. Круз, присутен на премиерата, се смешкаше и се шегуваше со идниот крал. А за неколку моменти на црвениот тепих дури и ја „украде“ неговата сопруга, пружајќи ѝ ја раката на Кејт, галантно, додека таа се качуваше по скали.

Инаку, Вилијам и Том имаат и многу нешта заеднички што се однесува до страстите. И двајцата ја сакаат Англија, двајцата се пилоти и сакаат да летаат. Па така не е чудо што една од желбите на Том за роденденот е внукот на кралицата да биде присутен на англиската роденденска забава. Дали се работи за „Невозможна мисија“ или не, ќе знаеме за неколку дена.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....