17.8 C
Скопје
19:15 - 22 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува жежок африкански бран, 40 степени температури!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.
Потоа во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак во попладневните часови повремено ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а исто така во следните денови ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ – ИНДЕКСОТ во следниот период ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova
Се вчитува....