24.8 C
Скопје
15:51 - 2 октомври, 2026

Зеленски: „Очекуваме Русија да ги зголеми непријателствата, вклучително и против Европа“

„Од утре започнува историската недела, една од најважните од 1991 година“. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео на социјалните мрежи.

„Ќе го слушнеме одговорот од Европската унија за кандидатскиот статус на Украина. „Веќе имаме позитивна одлука од Комисијата и на крајот на неделата ќе го имаме одговорот од Европскиот совет.“

Според претседателот на Украина, Русија сепак ќе ги зголеми непријателствата во земјата, но не само против Украина, туку „исто така и против другите европски земји. Ние се подготвуваме и ги предупредуваме нашите партнери“, рече тој.

„Окупаторите собираат сили во правец на Харков, во регионот Запорожје. Повторно ги бомбардираат нашите складишта за гориво, за да ја влошат ситуацијата. Напади на кои „природно ќе одговориме“. Во Донбас – продолжува претседателот на Украина – продолжуваат жестоките борби. Руската армија користи најголем дел од артилеријата таму, најмногу офанзивни сили. Но, Северодонецк, Лисичанск, Авдиивка, Краснохоривка и другите жешки точки, се држат. Нашата армија дава отпор“ – рече Зеленски во редовното вечерно видео обраќање.

Слични објави

Кога мајка ми имаше тумор, а татко ми беше во притвор, Слаткар ми помогна: Емотивна приказна на Тајзи

Еспресо

Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“

К.С.

Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг

Еспресо

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

К.С.

(Видео) За едно парче 8.500 евра – еве на што троши пари ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Стефан Лазаров стана татко, се роди синот Лука: „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок“

К.С.
Се вчитува....