8.8 C
Скопје
10:30 - 30 март, 2026

„Кога ќе го видам веднаш се соблекувам“: Јована Јеремиќ откри што не може да одолее кај мажите

Јована Јеремиќ и Драган Станковиќ неодамна ја раскинаа својата врска, а како што откри водителката, немале исти погледи за иднината. Јована сака единствено маж кој со неа ќе сака семејство и потомство.

Водителката откри дека е слободна и дека го чека вистинскиот, а призна и на што не може да одолее.

„Рацете и дланките – тоа ме освојува, но не да биде напумпан со стероиди, туку природно да биде силен“, рече Јована Јеремиќ и додаде:

„Кога ќе видам машка дланка со убав часовник, соблекувам гаќи и не прашувам! Но тоа мора да бидат дланки што велат: ’Јована, сега ќе те земам и нема да те пуштам до крајот на животот. Ти си моја или Божја!‘“ – изјави Јеремиќ во поткастот „Шок ток“.

„Не сакам да ја прокоцкам својата младост“

Јована открила дека сфатила каква грешка направила со Драган.

„Јас сум слободна моментално, тоа сакам да го кажам, за да ги тргнам сите лажни приказни дека имам некого“, рече Јеремиќ, додавајќи дека нејзиниот следен партнер мора да биде маж кој пред сè сака да гради семејство со неа. Очигледно, Драган не го сакал тоа, што многумина ги шокираше бидејќи беа верени, а многумина очекуваа свадба.

„Сакам мојот иден партнер да биде име и презиме, да не го создадам јас. По разделбата со Драган сфатив една моја грешка. Не чекам трет состанок – на првиот ти кажувам брак и деца. Дали си подготвен за брак и деца? Да или не? Не? Следен! Сакам семејство, не сакам мојата младост да ја прокоцкам како што прават многу во овој јавен свет мислејќи дека има време. Нема време“, рече Јована Јеремиќ.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....