14:25 - 3 април, 2026

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

Ѕвездата на реалното шоу, Клои Кардашијан откри дека неодамна и бил отстранет тумор од лицето, а претходно одвај забележала дека го има.

-Забележав мала грутка на моето лице и претпоставив дека се работи за нешто ситно, како мозолче, но откако сфатив дека тоа не исчезнува веќе седум месеци, решив да направам биопсија. Неколку дена подоцна ми рекоа дека морам да направам операција за отстранување на тумор од лицето, одговори Клои кога обожавателите ја прашаа зошто носи завој на лицето.

„Кога ќе ми дозволат да ги извадам, ќе ги видите лузната и вдлабнатината на мојот образ од отстранувањето на туморот, но дотогаш се надевам дека ќе уживате во тоа како правам овие завои за лице да изгледаат фантастично“, напиша таа.

Клои зборуваше за ова за да ги охрабри другите да одат на лекар доколку забележат нешто необично на нивното тело. Таа откри и дека има предиспозиции за рак на кожата.

-На 19 години имав меланом на грбот, а имав и операција, така што сум склона кон меланоми. Треба постојано да се прегледуваме. Јас сум од оние што носат крема за сончање секој ден, што значи дека никој не е исклучок од овие работи. Ве молам, сфатете го ова сериозно и одете на редовни прегледи – додаде Кардашијан.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....