13:52 - 13 ноември, 2026

Кинеските власти ги олабавија ограничувањата против ковид во неколку градови поради протестите

Кинеските власти ублажија дел од ограничувањата против ковид во Пекинг и Гуангжу, откако се одржаа големи протести во поголемите кинески градови против строгите мерки за борба против коронавирусот, пренесува The South China Morning Post.

Властите во Шангај ги демонтирале таблите со името на улицата Урумчи, каде што ден претходно се одржаа протести на локалните жители против строгите ограничувања против ковид. Локалните жители ја избраа оваа улица како место за протест во чест на споменот на жителите на градот Урумчи во автономната област Ксинџијанг Ујгур, кои загинаа во пожар. Неколку дена пред инцидентот, жителите на куќата биле ставени во карантин поради појава на коронавирус, па не можеле брзо да ги напуштат становите. Како резултат на инцидентот загинаа десет лица, а уште девет беа повредени.

Кинеските власти денес дадоа и наредување за време на карантинот граѓание да не се заклучуваат во домовите и да не ги блокираат излезите и ходниците.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....