13:52 - 13 ноември, 2026

Кремљ го поздрави предлогот на Ватикан за преговори, но тврди дека Украина е пречката

Кремљ ја поздравуви понудата на некои земји, вклучително и Ватикан, да обезбедат преговарачка платформа за решавање на украинскиот конфликт, но вели дека Киев со својата позиција го прави тоа невозможно.

„Се разбира, ја поздравуваме таквата политичка волја, но со оглед на де факто и де јуре ситуацијата што сега ја имаме на украинската страна, такви платформи не може да се бараат“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Папата Франциско пред 10 дена во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ повтори дека Ватикан е подготвен да направи сè за да посредува и да стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од девет месеци, неколку земји, вклучувајќи ги Турција, Израел и Кина, се понудија да бидат потенцијални посредници во конфликтот.

Русија ја обвини Украина дека ги попречува преговорите со исклучување на вмешаноста на претседателот Владимир Путин, а Киев се спротивставува на идејата за отстапување на која било територија заземена во она што Западот и Украина го гледаат како грабеж на земјиште во империјален стил.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....