12:33 - 2 април, 2026

Кина-Тајван, тензиите вртоглаво растат: денес нови воени вежби; 22 кинески воени авиони ја преминаа средната линија на тајванско-кинескиот теснец

Крајот на кинеските операции е закажан за в недела.

Дваесет и два кинески воени авиони ја преминаа средната линија на тајванско-кинескиот теснец во воздушниот простор управуван од одбраната на Тајпеј. Ова го објавија тајванските медиуми, повикувајќи се на воени извори. Како одговор, Тајван активираше системи за ракетна одбрана.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинески „авиони и воени бродови“ ја преминале средната линија на теснецот што го дели островот од копното, пренесува раињуз.

Кина се подготвува повторно да ги започне најголемите воени маневри во својата историја околу островот Тајван во следните неколку часа, и покрај цврстата осуда на САД, Јапонија и Европската унија.

Во досегашните операции е забележан „напад од конвенционален ракетен тип“ во водите источно од Тајван, а причината за кинеските воени операции е неодамнешната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Крајот на операциите е закажан за недела напладне по локално време.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....