9.8 C
Скопје
12:46 - 1 април, 2026

Ким Кардашијан промовирала криптовалути на социјалните мрежи, па сега треба да плати 1,5 милиони долари казна

Ријалити ѕвездата и инфлуенсерка, 41-годишната Ким Кардашијан е казнета со 1,26 милиони долари затоа што промовирала криптовалута на социјалните мрежи, а не нагласила дека е платена за тоа.

Ким се договори со SEC (Комисија за хартии од вредност) откако минатото лето рекламираше токени што ги продава EthereumMax во објава на Инстаграм.

Нејзината објава вклучуваше врска до веб-страницата EthereumMax, на која се наоѓале инструкции за потенцијалните инвеститори за купување EMAX токени.

Кардашијан тврдела дека пријателите и кажале за токените и дека ја поврзале со веб-страницата на компанијата, но таа не открила дека и биле платени 250.000 долари за да ја објави објавата.

Ким ниту признала, ниту негирала дека сторила нешто лошо, но се согласила да плати казна од 1,26 милиони долари.

Таа е една од многуте познати личности вмешани во контроверзии за промовирање на криптовалути, и покрај тоа што некои влади и финансиски експерти предупредуваат за нестабилноста и ризичноста на таквите валути.

– Овој случај е потсетник дека кога познати личности или влијателни луѓе ги поддржуваат можностите за инвестирање, вклучително и вредни крипто средства, тоа не значи дека овие инвестициски производи се соодветни за сите инвеститори“, рече претседателот на SEC, Гери Генслер.

„Случајот на г-ѓа Кардашијан, исто така, служи како потсетник за познатите личности и другите дека законот бара од нив да ѝ објават на јавноста кога и колку биле платени за промовирање на инвестициите во хартии од вредност. Инвеститорите имаат право да знаат дали објавувањето на хартијата од вредност е непристрасно, а г-ѓа Кардашијан не ја откри таа информација – заклучи тој.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....