03:44 - 20 април, 2026

Ким Кардашијан открива на кои третмани за естетска хирургија се подложила: „Ќе јадам и измет за да изгледам помладо“

Дали знаете колку години има Ким Кардашијан? Четириесет и еднa. Таа има и четири деца, а сепак одлично се одржува.

фото инстаграм

Манекенката има свои тајни, но некои од нив решила да ги открие во интервју за Allure. Затоа, нејзината употреба на естетска хирургија повеќе не е мистерија.

Во однос на лицето, Ким објасни дека се одлучила за малку ботокс, покажувајќи на пределот помеѓу челото и веѓите. Потоа прецизираше дека никогаш не сакала да вбризгува филери во образите и усните и дека трепките ѝ се природни, без екстензии:

„Никогаш не сум имала екстензии на трепките. Никогаш не сум направила ништо во однос на образите- никогаш не сум ги наполнила образите. Никогаш не сум ги наполнила ниту усните “.

Што не сака во нејзиното тело и што би направила за да биде „вечно“ млада?

Во интервјуто открива и дека изгледот и значи сè, а успева да го зачува и сега кога е мајка, правејќи третмани навечер кога нејзините деца се во кревет.

Со голема искреност таа откри дека не ѝ се допаѓаат нејзините раце, дека „тие се збрчкани и груби“…

„Помирена сум со тоа што не сум совршена и не бев таква ни порано. Ги мразам рацете: тие се збрчкани и груби. Но, јас го живеев мојот живот и сменив толку многу пелени со овие раце и ги разгалував моите бебиња со овие раце, па ги прифаќам такви какви што се. Стареењето не значи дека нема да се стремам кон совршенство, но доаѓа до точка кога мислите: „Во ред, моето здравје е поважно од било што друго“.

И, конечно, моделката на Баленсијага експлицитно повтори дека ќе направи се за да ја сочува својата младост, дури и многу непријатни работи, како јадење измет. Веројатно се шегуваше?

Потоа, како да се расвести и додаде:

„Се шегував, но сега кога ќе размислам, веројатно ќе јадам и г*мна ако некој ми каже: „Ако ја јадеш оваа чинија г*мна секој ден, ќе изгледаш помладо“. Имам 41 година. Секогаш сакам да изгледам соодветно. Доаѓа момент кога сте претерале. Преполно, претесно, премногу естетски коегирано – нема ништо полошо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

 

Слични објави

(Фото) Славење во домот на Неда Украден: „Ти си моето најголемо богатство“

Еспресо

Карактерот и душевната состојба се огледуваат и во положбата во која спиете

Т.Ц.

Неделен хороскоп: Биковите се подготвени за љубовни авантури, Вагите можеби ќе добијат унапредување

Т.Ц.

Кој е мистериозниот „Џан“? Фановите убедени дека Карлеуша е во врска со турскиот заводник

Еспресо

(Видео) „Чукај, чукај“ во ново руво – Антониа Гиговска и Благица Павловска ја објавија дуетската песна!

Еспресо

Детали за инцидентот – Сопругата на Марко Булат викала во станот, полицијата реагирала по повик од сопругот

Еспресо
Се вчитува....