0.8 C
Скопје
03:59 - 10 март, 2026

Ким Кардашијан фановите ја направија „партал“: „Ова е навистина премногу“

Манекенката, бизнисменка и реалити ТВ ѕвезда Ким Кардашијан се соочи со револт од фановите.

Ким сакаше да им го подари претесниот секси фустан на своите ќерки, кој та неодамна го носеше на ревијата на Долче и Габана на Миланската модна недела (а во него беше овековечена како едвај се качува по скали), и тоа подарување сакаше да го направи јавно, но беше критикувана на социјалните мрежи толку многу, што мораше да се откаже од идејата.

Ким Кардашијан одлучи да го задржи својот оскуден фустан на Долче и Габана со длабоко деколте за себе.

„Го сочував фустанот со надеж дека моите деца ќе можат еден ден да го носат. Се надевам дека Норт и Чикаго ќе го носат на матура, на училишни танци или на кој било друг настан што тие самите ќе го изберат“, рече Кардашијан.

Сепак, обожавателите не ја ценат дарежливоста на Ким Кардашијан и напишаа во коментарите: „Ким, ова е лош вкус!“, „Зошто да им даваш на децата толку раскалашна облека?“, „Ким, ова е премногу“.

На крајот на февруари, Ким Кардашијан ја претстави новата рекламна кампања за нејзиниот бренд Skims, во која самата е во улога на модел. По објавувањето на кампањата, претпоставките од следбениците на Инстаграм беа дека ријалити ѕвездата направила нова пластична операција, бидејќи на новите слики Ким беше неверојатно слична на актерката Меган Фокс.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....