8.8 C
Скопје
07:49 - 18 октомври, 2026

Киjану Ривс е подготвен да ја запроси Александра Грант, пријателите откриваат: „Прашање на денови е“

Популарниот глумец Кијану Ривс и Александра Грант се заедно подолго време и одлично ја држат својата врска приватна бидејќи никогаш не биле во близина на скандал или контроверзна ситуација како многу други од А-листата.

За време на минатиот викенд, Кијану Ривс приредил огромна забава за Александра на која не штедел пари, а биле присутни и голем број пријатели и членови на семејството.

Блиските пријатели зборуваат за нивната перцепција за врската на глумецот и уметницата.

„Тој ги покани сите нивни пријатели и семејството и беше навистина возбуден што ќе прослави со неа (Александра)“, објаснува пријател на глумецот: „Пријателите се надеваа дека ќе ја запроси на забавата“.

Сепак, до запросување не дошло, но пријателите се сигурни дека станува збор за прашање на време, денови или недели, кога веста ќе биде соопштена.

Нивната врска излезе во јавност во 2019 година, но Кијану и Александра беа заедно многу претходно.

Живејат мирен и сосема нормален живот, како да не станува збор за холивудска ѕвезда.

„Тие се многу слични на многу начини и уживаат во истите работи“, објаснуваат пријателите на глумецот. „Тој живееше прилично осамен живот многу години, па пријателите се среќни што најде соодветна партнерка“.

Инаку, само пред три дена парот се појави заедно на црвениот тепих во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес и на изненадување на сите – си разенија бакнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)


 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....