13:05 - 27 ноември, 2026

Ќерката на Здравко Чолиќ доби огромен букет рози, сите се прашуваат кој е тајниот обожавател

Лара Чолиќ, помладата ќерка на Здравко Чолиќ, повторно привлече внимание на социјалните мрежи – овојпат поради раскошен подарок.

Таа на својот инстаграм-профил сподели кратко видео во кое држи огромен букет рози во нежни розови и бели нијанси. Цветовите биле толку големи што едвај ги држела во рацете, што дополнително ја нагласи нивната импресивност.

Со насмевка која не ја тргаше од лицето, Лара јасно покажа колку ѝ значи овој гест, а објавата веднаш предизвика лавина реакции и коментари од следбениците.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Многумина се прашуваат кој стои зад овој романтичен подарок, па на социјалните мрежи веќе се шират претпоставки за можен таен обожавател.

Да потсетиме, семејството Чолиќ неодамна помина низ тежок период, откако на 3 февруари беше извршен напад врз нивниот дом. Во моментот на инцидентот, во куќата биле сопругата на Чолиќ, Александра, и ќерката Лара, кои доживеале голем шок.

По настанот, Лара била видно потресена, а извесно време поминала на прагот од семејниот дом обидувајќи се да се смири.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....