9.8 C
Скопје
14:48 - 31 март, 2026

Ќерката на Роман Абрамович живее гламурозен живот, на училиште одела со хеликоптер, а сега ја осуди руската инвазија

СОФИЈА АБРАМОВИЌ, 27-годишната ќерка на еден од најбогатите луѓе во светот, Роман Абрамович, моментално живее и работи во Англија.

Нејзиниот татко во меѓувреме доби забрана за патување, а Софија секојдневно на социјалните мрежи споделува фотографии од нејзиниот гламурозен живот во странство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SA (@sofiaabramovich97)

Софија е трето дете на Роман, а од Русија се преселила во Англија во 2003 година. Сепак, поради руската инвазија, се повеќе се зборува за нејзино иселување од вилата во Лондон и од селскиот имот во Сасекс, бидејќи овие средства сега ќе бидат замрзнати и покрај тоа што семејството на Абрамович не е директно подложено на санкции.

Од кога знае за себе, Софија живее опкружена со гламур и посетува приватни училишта кои чинат повеќе од 25.000 евра годишно.

На училиште ја однеле со хеликоптер, а имала и свој приватен телохранител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SA (@sofiaabramovich97)

Нејзината мајка Ирина, со која Роман беше во брак 16 години, еднаш изјави дека ги презеле сите мерки на претпазливост за да се заштитат од киднапирање.

„Се плашевме од обидот за киднапирање, но не можевме да ги сокриеме нашите деца и да не им го покажеме вистинскиот живот. Затоа одевме во театри и музеи со еден куп телохранители. Секоја година беше се потешко”, рече таа.

Софија на крајот успешно дипломирала менаџмент и маркетинг на Универзитетот во Лондон.

Таа на својот Инстаграм објави и за војната во Украина и остро ја осуди руската инвазија.

„Најголемата и најуспешната лага на Кремљ е дека повеќето Руси го поддржуваат Путин“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SA (@sofiaabramovich97)

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....