12:39 - 13 ноември, 2026

Ќерката на Петар Грашо го насмеа Здравко Чолиќ: „Те молам, престани да пееш, гледам цртан!“

Пејачот Петар Грашо неодамна откри симпатична анегдота поврзана со неговата тригодишна ќерка Алба, која предизвикала смеа кај сите присутни, вклучувајќи го и Здравко Чолиќ.

Грашо раскажа дека во нивниот дом често доаѓаат негови музички колеги, па за Алба е сосема вообичаено да ги гледа познатите пејачи како семејни гости.

„Таа мисли дека е сосема нормално сите што доаѓаат кај нас дома да бидат познати. Пред неколку месеци беше Здравко Чолиќ, доаѓа Јелена Розга, беше и Нина Бадриќ… За неа тоа е нешто сосема вообичаено. Не разбира дека луѓето што ги гледа и на телевизија не се секојдневна појава“, раскажал Грашо.

Потоа ја споделил случката што особено го насмеала.

„Здравко беше кај нас пред неколку месеци. Седевме и разговаравме, а Алба беше во другата соба. Во еден момент Здравко почна да пее, а таа излезе и му рече: „Те молам, престани да пееш, гледам цртан филм!“, раскажал Грашо низ смеа.

Тој додал дека за него, кога бил на нејзина возраст, Чолиќ бил вистински идол.

„Му реков на Здравко: ‘Јас на четири години те обожавав, ми беше како бог. Да ми пееше дома на таа возраст, ќе умрев од среќа, а ова малечково те брка од дома.’ Но, навистина беше преслатко. Тоа беше една прекрасна вечер“, рекол пејачот.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....