01:58 - 14 ноември, 2026

Бојана Скендеровски откри низ каква драма поминала по раѓањето на синот: „Ми го скрати животот на еден час“

Пејачката Бојана Скендеровски го одбележа седмиот роденден на својот син Ѓорѓи со емотивна објава на социјалните мрежи, во која се потсети на тешките моменти што ги преживеала веднаш по неговото раѓање.

По повод роденденот, таа сподели повеќе фотографии од синот направени низ годините, но и искрено проговори за стравот што го почувствувала кога лекарите ѝ соопштиле дека новороденчето ќе биде под внимателен надзор поради ниските Апгар оценки.

„Тој 14/07/2019 ми го скрати животот на еден час, имаше лоши Апгар оценки, докторката рече ќе го следиме во следните 120 минути, и сè уште свежо се сеќавам дека во ладната шок соба се препотував секоја минута од тие предолги 120…“, напиша Скендеровски.


Таа открива дека, и покрај неизвесноста на самиот почеток, уште првата ноќ кога се вратиле дома, Ѓорѓи мирно спиел, овозможувајќи ѝ и таа да се одмори по породувањето.

„Е, од тогаш навака не се променија многу работите. Уште ми го скратува животот од време на време, ама вреди зошто го сакам повеќе од себе…

Мојот Ѓорѓи денес полни 7 години. Жив и здрав мајкин!“, напиша пејачката.

Бојана Скендеровски и нејзиниот сопруг Васко се родители на две деца – син и ќерка, а пејачката често споделува моменти од семејниот живот со своите следбеници.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....