9.8 C
Скопје
23:48 - 28 март, 2025

Ќерката на Брус Вилис ја открива состојбата на татка си: „Најдобрата работа што може да ја посакаме е да остане исто…“

Американската актерка Талула Вилис (29) објасни зошто нејзиното семејство отсекогаш било многу отворено за дијагнозата на Брус Вилис за „агресивната“ деменција, а зборуваше и за состојбата на актерот кој се пензионираше. Таа сподели семејни детали за време на една епизода од поткастот на Дру Баримор.

Талула, чиј татко се вели дека ја губи „радоста за животот“ и „јазичните вештини“ поради неговата деменција, зборуваше за здравствената состојба на 68-годишниот актер.

Најблиските на Брус Вилис претходно објавија дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД), за која Талула рече дека е „агресивна когнитивна болест – форма на деменција – која е многу ретка“.

Талула откри и во каква состојба е Вилис.

„Исто му е, што мислам дека е најдобра работа што можеме да ја посакаме“ – октива таа.

– Гледам љубов кога сум со него, тој ми е татко и ме сака, што е навистина посебно – додаде таа.

Откако на Вилис му беше дијагностицирана болеста, неговото семејство често зборуваше и споделуваше детали за неговото здравје. Како што вели ќерката на актерот, нивната примарна цел е да ги освестат луѓето за оваа болест, деменцијата.

Да потсетиме, минатата година на Брус му беше дијагностицирана афазија – нарушување на говорот, по што се повлече од актерството. Овој февруари му беше дијагностицирана деменција. Неговото семејство, вклучително и неговата поранешна сопруга Деми Мур (60), потоа објавија соопштение во кое зборуваа за оваа тешка болест.

– Иако ова е болно, олеснување е конечно да се има официјална дијагноза. ФТД е сурова болест за која малкумина од нас слушнале и може да погоди секого. За луѓето помлади од 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција, и бидејќи може да поминат години за да се добие дијагноза, ФТД е веројатно пораспространета отколку што знаеме, напиша семејството на Вилис на социјалните мрежи тогаш.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....