5.8 C
Скопје
06:54 - 1 април, 2026

Кејти Пери стави крај на шпекулациите за наводната криза низ која минува со Орландо Блум

Пејачката Кејти Пери стави крај на шпекулациите за наводната криза низ која минува со нејзиниот партнер Орландо Блум, а кои настанаа откако беше видена во јавноста без свршеничкиот прстен.

Покрај тоа, пејачката присуствуваше на Мет Гала без Орландо, што беше уште една причина да се крене вистинска бура во јавноста.

Сепак, пејачката ги отстрани сите сомнежи кога гостуваше во подкастот „Dear Chelsea“, кога зборуваше за својот вереник. Таа прво кажа дека луѓето често ја прашуваат „на што е Орландо“, поради неговата позитивност.

„Тој едноставно има такви среќни, позитивни вибрации, а јас сум малку повеќе опојна и склона кон депресија на некој начин – и затоа е добро да бидам во негова близина бидејќи ми помага да не размислувам толку многу“, рече Кејти, откривајќи дека пред врската со Орландпо не се гледала себеси во улога на мајка.

-Немав чувство дека можам да бидам мајка и мислам дека тоа веројатно произлегува од некои работи од моето детство – рече популарната пејачка, а потоа се осврна на својата ќерка која и го променила животот.

Пери рече и дека нејзините дваесетти години биле обележани со материјални вредности и кариера, додека во триесеттите нејзината самодоверба почнува да расте, а истакна дека сега дефиниција за успех и е среќата на нејзината ќеркичка.

– Ќерка ми ми го преобликуваше животот, мојата перспектива. Таа ми даде љубов каква што никогаш порано не сум имала. Отсекогаш сум ја сакал таа љубов.

Кејти и Орландо ја имаат ќерката Дејзи Дејв, која во август ќе наполни две години. Ова е прво дете на Кејти, додека Орландо го има синот Флин Кристофер Блум од бракот со манекенката Миранда Кер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....