7.8 C
Скопје
19:54 - 20 февруари, 2026

Кејти Холмс за првпат ќе проговори за разводот со Том Круз: Актерот има од што да се плаши!

Американската актерка Кејти Холмс е подготвена да зборува за разводот со Том Круз.

Славната двојка официјално ја заврши својата разводна постапка во 2012 година. Имаше гласини дека религијата на актерот, кој се занимава со скиентологија, го предизвикала раскинувањето.

Кејти го доби единственото старателство над нивната ќерка Сури, а Круз се согласи да и плаќа на поранешната партнерка 400.000 долари годишно, додека неговата единствена биолошка наследничка наполни 18 години. Изворите тврдат дека од полнолетството на Сури во април, Кејти е преплавена со „преголеми“ понуди да ја открие целата вистина бидејќи истекува времето за договорот.

„Сега кога Сури може директно да се справи со нејзиниот татко, сè се промени за Кејти.
Иако сè уште е вознемирена поради идејата за интервју, бидејќи има работи за кои сè уште не може целосно да зборува, дури и многу приватни, сепак, ќе го направи тоа“, вели инсајдерот на „Хит ворлд“ и додава дека „актерот има од што да се плаши“.

Холмс и Круз се венчаа во 2006 година, но врската заврши во 2012 година откако Кејти поднесе барање за развод и се пресели од Лос Анџелес во Њујорк, добивајќи целосно старателство над Сури. Холивудскиот актер подоцна призна дека скиентологијата била фактор за разделбата, а Кејти не сакала нејзината ќерка да се одгледува во оваа религија.

Сури, која сега веќе е порасната, не е во речиси никакви односи со татка си. Том Круз пак, се уште се надева дека ќе ја привлече Сури во скиентологијата.

Слични објави

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.
Се вчитува....