12:07 - 5 декември, 2025

Кејт Мидлтон „води тешка битка со булимија и анорексија“: Принцезата Дајана едвај се избори со истата болест

Кејт Мидлтон не исчезна одеднаш. Пред објавувањето на интервенцијата таа веќе беше исчезната од јавниот живот цел месец, а уште неколку недели претходно, за време на последните случувања, нешто не беше во ред, пишуваат странските медиуми, нагласувајќи дека – според извори блиски до палатата – нејзината болест од минатото ѝ се вратила и тоа со драстична еволуција во последно време: анорексијата.

Кејт Мидлтон за последен пат беше видена во јавноста на денот на предбожиќната миса: облечена во сини нијанси, држејќи се за рака со принцезата Шарлот, се појави во навидум беспрекорно издание и насмеана како и обично. Од друга страна, легендарната фигура на Мидлтон беше изградена на неколку, но важни карактеристики: приврзаност, елеганција, чисти линии, чевли со високи потпетици, шминка која никогаш не е претерана, туку многу природна.

Сепак, долго време се зборуваше за физичкиот изглед на Кејт, поочно за нејзиното тело: телото на Кејт стана забрането – забрането покажување, скриено под наметки, долги фустани и многу ретко панталони. Фармерките, во последните месеци на минатата година, го покажуваа проширувањето на просторот меѓу нејзините нозе, а под кошулите (или фустаните) јасно се надѕираа изразените клучни коски.

Извори блиски до кралското семејство објаснуваат дека Кејт долги години се бори со пореметувања во исхраната, пред се со булимија (празнење на желудникот на се што ќе изеде со цел да не се здебели), како и со анорексија (одбивање на храна за да не се здебели). Во октомври минатата година, дури и кралските чувари биле загрижени кога таа повторно се појави со фластери на двата прста од раката.

Според објавата на X, порано позната како Твитер, на профилот „Експозинг ројалс“, преврзаните прсти на војвотката од Кембриџ предизвикаа загриженост дека таа страда од нарушување во исхраната (односно од булимија), а не дека станува збор за повредата како резултат на несреќа.

Оттука, изјавата на кралското семејство дека Кејт е отсутна поради операција на абдоменот, барем дотука е точна, зашто со булимијата најчето страда желудникот.

Според психолозите, причината за појава на булимијата најчесто е стресот, притисокот, односно „се смета дека притисоците и судирите во семејството, како и претераниот стрес на работното место, се важна причина за булимијата. Булимичарката обчно е личност која сака премногу да постигне и се стреми кон совршенство, а чувствува дека не може да ги задоволи очекувањата на своите родители/роднини“.  Булимичарите, според психолозите, се личности и кои често се борат со депресија.

Ако е вистина дека Кејт сериозно се бори со булимијата која преминува и во анорексија, таа нема да биде првиот кралски член што има вакво нарушување бидејќи принцезата Дајана своевремено славно проговори за своето патување во борбата со булимијата.

Според биографијата на Ендрју Мортон од 1992 година, покојната принцеза од Велс првпат ја започна својата битка со булимијата откако се омажи за кралот Чарлс.

„Булимијата започна неделата откако се веривме и ми требаше речиси една деценија да се надмине“, рече таа.

„Мојот сопруг ја стави раката на мојот струк и рече: „О, малку си буцка тука, нели? и тоа поттикна нешто во мене“, раскажуваше принцезата Дајана.

 

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....