13:24 - 2 април, 2026

Кејт Мидлтон „уморна од игрите на принцот Хари и Меган Маркл“: Еве ги деталите

Кејт Мидлтон е „уморна од игрите на принцот Хари и Меган Маркл“, за ова пишува Heat.

Принцезата од Велс им се придружила на својот сопруг принцот Вилијам и нивните три деца во замокот Балморал во Шкотска, каде што се одмораат со кралот Чарлс III, кралицата Камила и принцезата Ана. Се верува дека принцот Хари и Меган Маркл биле исклучени од листата на покани поради расправија со британското кралско семејство.

Извор тврди дека Кејт, која се бори со рак, се обидува да се „оддалечи“ од драмата околу војводите од Сасекс и наместо тоа се фокусира на нејзиниот третман за рак. На почетокот на оваа година и беше дијагностициран рак, откако беше подложена на рутинска операција на абдоменот.

„Кејт и Вилијам ставија забрана за се што е поврзано со Меган и Хари, бидејќи летово одвојуваат време за да уживаат во потребната релаксација и време со семејството. Тие решија да создадат цврста граница за да ја заштитат од сиот стрес и фрустрација што ја создаваат Хари и Меган, што, се разбира, негативно влијае на нејзиното физичко здравје, како и на нејзиното ментално здравје“, вели инсајдерот.

„Вилијам беше уморен да гледа колку Кејт стануваше се повознемирена секогаш кога Меган и Хари правеа или кажуваа нешто што негативно влијаеше на нив“, додаде изворот.

Во овие денови, Кејт ужива во „долги прошетки со Вилијам и поминува квалитетно време со децата“ додека се оддалечува од сите работи поврзани со Хари и Меган. Принцезата од Велс „го прави само она што ѝ носи вистинска радост и внатрешен мир“.

Иако Меган и Хари не беа поканети на Балморал, тие поминуваат време во странство додека се подготвуваат да патуваат во Колумбија. Војводата и војвотката од Сасекс ќе присуствуваат на културен фестивал во Богота.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....