6.8 C
Скопје
12:32 - 22 декември, 2024

КЕЈТ МИДЛТОН со сандали од 12 евра, достапни на Амазон: Војвотката ги прекршува правилата на кралицата!

Кејт Мидлтон ја предизвикува кралицата Елизабета носејќи сандали кои ги откриваат нејзините стапала, со темен лак на ноктите. Добро е познато дека англиската кралица наметна многу строги правила па дури и во однос на облекувањето. Ова беше една од причините што ја поттикна Меган Маркл да избега од животот во палатата, да ѝ се врати на слободата на изразување. Сопругата на Хари никогаш не се навикна на правилата што требаше да ги следи кога е модата во прашање. Но, ова не е случај со сопругата на најстариот син Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која од самиот почеток покажа дека ја почитува волјата на Елизабета.

Иако Кејт Мидлтон ги почитува правилата на кралицата Елизабета, во последно време таа има навика на секоја облека што ја носи да ѝ дава значење. Ако кралското семејство не може политички да заземе страна, тоа Кејт сега го прави преку облеката. Така, ја видовме спортската облека на принцезата во боите на украинското знаме, за да им ја покаже на Англичаните нејзината поддршка за земјата која моментално е во војна, Украина. Секоја избрана боја, секој додаток или чевли кои Кејт ги одбира во последно време носат некаква симболика или порака, а експертите добија куп работа да разберат што всушност се крие зад модниот избор на Кејт.

„Играта“ со изборот на бои и нивното значење продолжи и на Карибите каде деновиве Кејт и Вилијам се на официјална посета. И тука, облеката на принцезата имаше многу специфично значење, а изборот на бои пренесуваа порака – почит на земјата што ја посетува, најчесто водејќи се според боите на знамето на земјата која е посетена.

За посета на фабрика за чоколади, Кејт избра да облече интензивно син миди фустан со макси со принт од  бели, светло сини и црвени цветови, квадратно деколте, кратки „паф“ ракави. Фустанот е од марката „Tory Burch“ и чини 595 евра.

За заокружување на модниот изглед Кејт Мидлтон носеше clutch чантичка во форма на лепеза, од британската дизајнерка Ања Хиндмарч, која веќе ја носеше за време на нејзината официјална посета на Канада во 2011 година.

Но, вниманието го привлекуваат нејзините макси сини обетки од францускиот бренд Sezane, кои се во продажба по цена од 55 фунти. Никогаш претходно не сме ја виделе војвотката од Кембриџ да избере толку очигледен моден додаток, а ова можеби веќе изгледа како начин да се прекршат правилата наметнати од кралицата Елизабета.

И не само тоа – токму нејзините сандали оставаат без зборови!

Во последниве три години Кејт Мидлтон во текот на периодот на топли денови одбира да носи сандали од плетен конец, или ткаеина, со полна пета, кои на кралицата воопшто не ѝ се допаѓаат. Но, за нејзиното патување во Белизе таа се надмина себеси: сандалите овојпат се отворени во предниот дел, кај прстите. Сосема неприфатлив избор според правилата на кралското семејство во однос на модата.

Имено, отворени сандали се дозволени само во ретки прилики, односно само за гламурозни вечери. Дури и темноцрвениот лак на ноктите е дефинитивно премногу ефектен.

Сандалите се од модната марка Essie, една од омилените марки на самата кралица, и можат да се купат на Амазон по цена од само 11,49 евра.

Очигледно е дека Мидлтон се обидела да ја задоволи и својата страст и донекаде да ѝ удоволи на кралицата – така, одбрала „непристојни“ сандали, но од марка омилена на Елизабета. Во последно време, сметаат модните критичари, принцезата добива сè поголема моќ во модните избори и е решена да ја направи сликата на англиската монархија помодерна и помладешка.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....