0.8 C
Скопје
05:17 - 10 март, 2026

Кејт Мидлтон не простува и ја одби најновата покана на Меган Маркл

Нема мир меѓу двете снаи: идната кралица на Обединетото Кралство не се предомислила за поранешната актерка од Suits.

Ниту смртта на кралицата Елизабета не ги зближи Кејт Мидлтон и Меган Маркл. Односите меѓу двете снаи веќе извесно време се ладни, поточно од 2020 година кога принцот Хари заедно со сопругата, поранешната актерка, решија да се откажат од кралската круна. Според она што неодамна се појави во британските медиуми, сопругата на принцот Вилијам ја одбила последната покана на поранешната ѕвезда од ТВ серијата Suits.

Според кралскиот експерт Нил Шон, Меган Маркл ја искористила нејзината неодамнешна посета на Лондон, по повод погребот на Елизабета Втора, за да ја замоли Кејт Мидлтон да учествува во нејзиниот подкаст. Меган склучила милионски договор со Спотифај за правење подкаст со наслов Архетипи во кој интервјуира важни жени, зборувајќи за различни женски прашања во современото општество.

Речиси месец подоцна, Меган која не сакала да се откаже – односно да прифати да биде одбиена – повторно преку посредници побарала од Кејт сепак да се премисли и да ја прифати нејзината понуда да учествува во поткастот. Секако, од другата страна добила – молк, а игнорирањето е секогаш најболно и најтешко.

Лесно е да се замислат причините за овој избор на Мидлтон: сопругата на принцот Вилијам не сака да ја комплицира и онака прилично тешката ситуација. Хари и Меган продолжуваат да имаат големи проблеми со британското кралско семејство и сите во семејството се загрижени поради објавувањето на автобиографијата на принцот која бомбастично се најавува а ветува детали од животот во кралската палата.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....