7.8 C
Скопје
09:18 - 10 март, 2026

КЕЈТ И ВИЛИЈАМ на првото патување по пандемијата меѓу контроверзии и танц: „Принцот има ритам во крвта!“

Војводите од Кембриџ пристигнаа во Белизе во саботата на првата кралска турнеја по пандемијата. Официјално патувањето е организирано за прослава на платинестиот јубилеј, но изгледа дека има и втора причина –  војводите се во овие поранешни колонии за да ги зајакнат односите со нив.

Првичниот прием не беше најдобар, првата станица од турнејата беше плантажата со какао во селото Индијан Крик, на Карибите но беше прескокната поради локалниот протест поради спорот околу сопственоста на земјиштето – тоа е на добротворната организација Флора и фауна чиј покровител е токму Вилијам, додека народот сака да биде во јавна сопственост.

(ВИДЕО) Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се добредојдени на Карибите: Населението ги дочекало со протести

Така, Кејт и Вилијам отидоа директно во Белизе Сити, каде го сретнаа премиерот Џони Бричено, а потоа во селото по име Хопкинс каде се вклучија во локалните танци со локалното население, добивајќи комплименти од домородците од типот „Задоволство беше да танцувам со Вилијам, „Принцот има ритам во крвта“, „Кејт исто така е многу добра“…

Парот потоа посети плантажа со какао, на која принцот на шега побара да работи во иднина, а сега на ред се посетата на Јамајка и Бахамите. Таму ќе бидат сведоци на регата организирана за да се оддаде почит на 7-годишното владеење на Елизабета II.

За сите нивни патувачки авантури сведочи официјалниот Инстаграм профил на парот кој е многу популарен ширум светот.

Кралската турнеја ќе трае 8 дена и ќе ги опфати Карибите, Јамајка и Бахамите

Слични објави

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо

Хороскоп за 10 март: Биковите ги очекува успех во работата, Вагите ќе се впуштат во авантура

apostolova

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо
Се вчитува....