-4.2 C
Скопје
05:33 - 19 февруари, 2026

Касиљас призна дека е геј, па се предомисли? Славниот голман сепак ја разреши мистеријата

 

Легендарниот голман Икер Касиљас ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со својата објава, а потоа за некое време ја избриша.

Шпанецот напиша саркастична објава на Твитер во која наводно ја открива својата сексуална ориентација.

-Се надевам дека ме почитувате: Јас сум геј – се појави на неговиот профил на Твитер.

Веста веднаш одекна во Шпанија, а потоа и во светот, и за нешто повеќе од еден час беше споделена преку 200 илјади пати.

За да биде уште поинтересно, зачин во приказната додаде соиграчот на Касиљас во шпанската репрезентација, Карлос Пујол.

–Време е да ја раскажеме нашата приказна, Икер – напиша тој и објавата ја збогати со емотикон со срце и бакнеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carles Puyol (@carles5puyol)

И баш кога светските таблоиди доживуваа кулминација, Касиљас го избриша твитот.

Сепак, малку беше веројатно дека неговата објава е признавање, па во шпанските медиуми се појавија тврдења дека веројатно се работи за шега, дека пораката е дело на хакер или дека легендарниот голман ја напишал иронично, сакајќи да испрати порака дека му е преку глава од медиумските наслови и дека сака да го остават на мир.

Тоа наводно било одговор на гласините дека е во врска со Алехандра Оњево, братучетка на неговата добра пријателка Тамара Фалко, пишува шпанскиот весник „ТК“.

Конечно, Касиљас ја разреши мистеријата со нова објава во која објасни дека профилот му бил хакиран, им се извинува на неговите следбеници, но и на ЛГБТ заедницата.

Во последните години бројни неволји натежнаа на легендата на Шпанија, Реал Мадрид и Порто. Во 2019 година доживеа срцев удар, неговата сопруга се разболе од тумор, а набргу по неговата болест Сара го остави по 11 години брак. Поради тој тежок период, голманот призна дека е во депресија.

-Не спијам редовно. Сакам да изгледа како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но веќе не можам да сонувам – изјави тој.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....